Што треба да знаете за тетоважите?

Како што сите ни кажуваат, пред големите одлуки треба добро да седнете, да размислите, три пати да измерите, да пуштите да преноќи па тек тогаш да се одлучите. Не ви советуваме баш сето ова да го правите доколку планирате да се тетовирате, но сепак постојат осум клучни нешта кои треба да ги размислите.

sto-treba-da-znaete-za-tetovazite-01

Трендовите се менуваат

Сигурно сте свесни како вкусот од година за година го менувате, согласно со моменталните трендови. Едно време нападните очи, тапираните фризури и долгите нокти во боја беа апсолутен хит, додека во последно време минималистичкиот стил е најмодерен. Што би се случило доколку сега се појавите со тапирана коса, шарена шминка и нокти? Би биле предмет на потсмев. Но, тетоважите не трпат трендови. Затоа, размислете дали тетоважата сакате да ја ставите заради тоа што сакате да биде дел од вас или дел од некој тренд.

Стриите може да ја уништат тетоважата

Ова ќе биде посебно интересно за женската популација. Во случај да планирате некогаш во животот да бидете бремени ( а веруваме дека планирате) никако, ама баш никако немојте да ставите тетоважа на стомакот или бутовите. Ќе биде совршено ако успеете да ги избегнете местата кон кои сте склони на дебелеење.

И без стрии, внимавајте на кое место се тетовирате

Имајте во предвид дека не е препорачливо да се тетовирате на вратот или на рацете. Направете си самите себеси услуга и сместете ја онаму каде што нема да ви се гледа штом се наведнете или пак штом облечете пократко здолниште.

sto-treba-da-znaete-za-tetovazite-1

Бојата може да избледи

Со тек на времето, тетоважите избледуваат. Годините оставаат траги на вашата кожа, па затоа е невозможно тетоважата да остане непроменета. Најдобро ќе ја сочувате бојата доколку не ја изложувате на сонце.

Тетоважите може да ви остават лузни

Испитајте го местото каде што сакате да се тетовирате, колку е осетливо и како реагира на малку погруб допир или остар предмет. Бидете внимателни спрема себе и ништо не и препуштајте на случајноста!

sto-treba-da-znaete-za-tetovazite-2

Ризикот од инфекции е присутен во секој случај

За да ги намалите шансите од инфекции секогаш одбирајте квалитетен салон, во кој се користи чиста и стерилна опрема. Непланираното тетовирање водено од желбата да се направи нешто интересно избегнувајте го. Непромисленото тетовирање може да ве доведе до огромен ризик и има реални шанси да се соочите со хепатитис или ХИВ.

Постои шанса за алергиски реакции

Не се чести, но се случуваат дури и неколку години по тетовирањето.

Кога веќе еднаш ќе се истетовирате, нема каење

Океј, тоа го знаете од самиот почеток. Тетоважите се од траен карактер. Затоа, не размислувајте дека доколку не ви се допадне тетоважата можете да ја отстраните со ласер или со вбризгување пигмент – резултатите не се секогаш позитивни.

Би можело да ве интересира:

Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Смели модни комбинации во боја за дамите кои не сакаат да бидат како во униформа Дали во вашиот плакар има само класични, едноставни парчиња облека или доминираа...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари) Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка б...
Модни трендови од раните 2000-ти кои денес изгледаат смешно Некои трендови никогаш не би сакале да се вратат, на пример здолништа преку фарм...
8 тренди парчиња кои нашите баби ги обожавале, а сега се враќаат во мода Плетени елеци со макраме техника, цветни марами, ролки комбинирани со тиролки......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg