Темната страна на тетовирањето
Тетовирањето денеска е многу популарно, па затоа многумина се имаат одлучено за тој чекор без убаво да ги размислат можните последици и негативни страни. Ако се решавате на ваков чекор, пред да се тетовирате треба да знаете некои важни информации кои никој до сега не ви ги кажал.
Тетовирањето е трајно нанесување на мастило под кожата кое може да биде во различни бои, а најпопуларна е црната. Нанесувањето е преку остри игли специјално направени за тоа. Порано овој метод се користел исклучиво во племињата, а денес е широко распространет ширум светот.
Темната страна на тетовирањето е тоа што често луѓето кои ги прават тетовжите се неискусни и немаат доволно дезинфекциски и стерилни средства и помагала. Така можат да се развијат разни габични инфекции или бактерии кои се пренесуваат од кожа на кожа.
Голема е можноста да добиете тетанус, хепатитис, херпес и ХИВ. Тие се пренесуваат преку крвта која се појавува речиси секогаш при тетовирање.
Тетоважата има доживотен рок на таење и може да се отстрани со скапи оперативни зафати. Дури и после тоа останува белег.
Пред да го направите овој чекор, размислете повеќе пати, бидејќи тоа што денеска ви е симпатично за 15 години може да ви биде одбивно.
Доколку се одлучите за тетоважа избегнувајте сонце бидејќи може да ви наштети. Првиот месец не се препорачува капење, а додека се туширате ставете фолија која не пропушта вода. Редовно нанесувајте крем за да го хидрирате местото, а најдобар избор се средствата од бадем или дезинфекциските креми.