Гел од 2 состојки: Лечи стрии, акни, пеги, изгореници и лузни
Веројатно многу пати досега сте слушнале за предностите кои ги има алое вера гелот исто како и кокосовото масло, но кога се работи за кожни болести, сигурно не ви текнало дека ова е мешавината која ќе ви помогне.
Алое верата и кокосовото масло е популарни состојки во сите лосиони за тело. Најчесто се користат посебно, но што ќе се случи ако ги искомбинирате нивните моќни здравствени придобивки?
Алое верата е добра за:
- Лечење на изгореници од сонце
- Се користи за смирување на иритираната кожа и кожните алергии
- Лечи стрии, старечки пеги, акни и лузни
- Ја хидрира и подмладува кожата
Кокосовото масло е добро за:
- Се користи како природен навлажнувач со што го забавува стареењето на кожата
- Посебно е добро за сува кожа
- Има антибактериски и антигабични својства
- И дава посебен сјај на кожата
За овој магичен гел потребно ви е:
- 1/3 чист алое вера гел, не сок
- ½ шолја органско кокосово масло (по можност во цврст облик)
- Неколку капки етерично масло по ваш избор (ванила, роза, лаванда)
Подготовка:
Помешајте го кокосовото масло без да го стопите со алое верата во еден мал сад.
Смесата матете ја со миксер 5 до 10 минути додека не добие светла боја и густа текстура. Потоа додадете ги етеричните масла.
Префрлете ја смесата во стаклен сад и чувајте на собна температура.
Како да го користите гелот:
Како и секој останат лосион за тело слободно мачкајте го на цела кожа. Сепак, најефикасен е по туширање кога кожата е влажна и порите се отворени.