4 брзи и едноставни чекори до полни усни
Секоја девојка сака нејзините усни да бидат полни и целото внимание да се посветува на нив. Нема потреба од нервирање околу тоа како ќе направите вашите усни да изгледаат пополни бидејќи ефектот можете да го постигнете во 4 едноставни и брзи чекори.
Се што ви е потребно е моливче, кармин и сјај во неутрална боја.
Ќе изгледате заводливо и секси без непотребното пренагласување на усните со кармини во силни бои.
1. Отцртајте ги линиите на усните и пополнете ги на краевите
Откако веќе ја нанесовте пудрата и завршивте со нанесувањето на моливот за очи, време е да започнете со пополнување на усните.
Следете ги параметрите на вашите усни со молив кој е нијанса порозов од вашите усни и пополнете ги на краевите за да им дадете димензија и да направите да изгледаат како да се пополни.
2. Исцртајте вертикални линии на долната усна
Благо насмејте се за да ја истегнете усната и потоа нацртајте една линија во центарот и две дополнителни од секоја страна. Линиите дополнително даваат димензија.
3. Пополнете ги усните со кармин во месо боја кој е нијанса потемен од вашите усни
Нежно нанесувајте кармин кој е во боја приближна на онаа од моливот. Не е неопходно совршено да се совпаѓаат, бидејќи се неутрални и ќе се мешаат и комбинираат совршено.
4. Нанесете сјај со неутрална боја
Секој пат кога ќе се одлучите да нанесете сјај на вашите усни бидете сигурни дека вашите усни ќе бидат пополни.