Како да ги избелите летните пеги од сонцето?

Кога кожата е претерано изложена на сончевите зраци, на некои делови од телото доаѓа од зголемена работа на клетките меланоцити, што влијае на создавање на пеги и флеки по кожата.

kako-da-gi-izbelite-letnite-pegi-od-sonceto-01.jpg

Овие промени најчесто се јавуваат на делови на телото кои се директно изложени на сончевите зраци - лице, врат, грб, раменици, раце и гради.

Покрај негативното делување на сонцето, причинители за пегите може да бидат и годините, генетиката, влезот во менопауза, бременост, стрес, болест на црните дробови, хипертензија на кожата, недостаток на витамин Ц или Б12, пушење...

Ако пегите не растат и не го менуваат обликот, тогаш се безопасни, но тоа не значи дека луѓето не се трудат да ги отстранат колку и да се минијатурни.

Доколку и вие спаѓате во групата на луѓе кои летно време имаат изразени пеги, ова се неколку начини на кои можете да ги отстраните, сами и во домашни услови:

Комбинација од ориз и сок од лубеница

Во кората од лубеница направете мала дупка и ставете лажичка несварен ориз. Потоа дупката затворете ја со исеченото парче лубеница и се убаво замотајте во пластична фолија. Оставете да преноќи во фрижидер. Наутро извадете ги набабрените зрна ориз, помешајте ги со малку сок и пулпа од лубеница, добро изгмечете и добиената паста нанесете ја на кожата каде имате пеги. Оставете да делува 15 минути, па измијте со вода.

kako-da-gi-izbelite-letnite-pegi-od-sonceto-03.jpg

Сок од ананас

Нанесете го директно на лицето или вратот, па после половина час исплакнете со студена вода.


Црвена рибизла и мед

Помешајте 2 грозда црвена рибизла со лажица мед и смесата нанесете ја на местата каде имате флеки и пеги од сонцето. Оставете да делува 30 минути и исплакнете со топла вода.


Сок од лимон

За избелување на кожата најдобро е да нанесете свежо исцеден сок од лимон на критичните делови и да оставите да делува 30 минути. Оваа постапка треба да ја правите 2 пати дневно, најмалку 2 месеци континуирано.

Ако лимоновиот сок ви ја суши кожата, разредете го со вода од роза или мед, па тогаш нанесете го на кожата.

kako-da-gi-izbelite-letnite-pegi-od-sonceto-04.jpg

Лук и оцет

Измиксирајте една главица лук со 1 лажица јаболков оцет, процедете го добиениот сок и мачкајте ги флеките 2 пати дневно. Мешавината нанесувајте ја околу 6 недели за да забележите резултати.


Леблебија

Измиксирајте 100g сварена леблебија и додајте малку вода додека не добиете кремаста смеса. Со неа истријте ги флеките, оставете да делува 30 минути и исплакнете со ладна вода.


Компир

Сварете еден поголем компир и направете пире од него. Ставете неколку капки сок од лимон, лажица млеко и мед, се добро измешајте и нанесете го како маска каде имате пеги и флеки.


Млечни производи

Натопете парче памук во кисело млеко или павлака и премачкајте ги флеките. Оставете да отстои 30 минути, па потоа исплакнете со млака вода. Лицата со масна кожа може да додадат и неколку капки сок од лимон.

Во борбата со сончевите пеги исто така може да ви помогне мешавината од јогурт и лимонов сок. Нанесете на флеките, чувајте половина час и измијте со ладна вода.

kako-da-gi-izbelite-letnite-pegi-od-sonceto-02.jpg

Масло од рицинус

Втријте го маслото директно на флеката и не го бришете. Оставете го кожата да го впие. Постапката повторувајте ја најмалку еднаш дневно.


Витамин Е

Сличен ефект можете да постигнете и со капсулите со концентриран витамин Е. Отворете ја капсулата и исцедете го маслото, па нанесете го директно на пегите и флеките. Оставете преку ноќ да делува, а наутро измијте со млака вода.

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги спо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg