Обновете ја дехидрираната кожа во 3 чекори
Наглите промени на температурата, недоволно количество на свеж воздух, стресот и недостатокот на физичката активност можат да ја дехидрираат кожата.
До дехидрирање на кожата доаѓа така што заштитниот слој на кожата започнува да пука и водата полека испарува од неа.
Затоа е важно да ја обновите дехидрираната кожа со овие 3 чекори:
Променете го ритуалот на бањање
Со долгото бањање со жешка вода од површината на кожата ги измивате и природните масла. Токму поради тоа кожата станува сува. Скратете го бањањето на 10 минути максимум и мијте се со млака вода. Потоа, додека кожата е уште мокра, нанесете лосион за тело.
Направете маска за нега на рацете
Негата на кожата на рацете е неопходна, затоа нахранете ја со оваа маска: 1 кришка лимон ставете ја во 1 чаша зовриена вода и оставете ја да постои половина час. Потоа 4 супени лажици од зовриената вода ставете ги во сад, па додајте 1 супена лажица овес, а откако ќе постои 5 минути додајте ½ супена лажица глицерин, ½ супена лажица бадемово масло и 1 изгмечена зрела банана.
Држете ги рацете во садот 10 минути, а потоа измијте ги со млака вода. Освен за раце, оваа маска можете да ја употребувате и за груби стапала.
Јадете мрсна храна
Погрижете се храната која ја консумирате да содржи омега-3 масни киселини, кои ќе и помогнат на кожата да ја задржи влагата. За да имате мека кожа, консумирајте риби како лосос, туна, сардела, но и храната подготвувајте ја со маслиново масло.