Домашна крема од 5 состојки за нозе без целулит
Летото наближува и дојде време да се подготвите за деновите кои ќе ги минувате на песочните плажи, без грижата за вашиот изглед. Со оваа домашна крема ќе дојдете до прекрасните нозе кои од секогаш сте ги посакувале.
Што ви е потребно:
- 100 g кафе
- Витамин Е
- Кокосово масло
- Бадемово масло
- Етерично масло по желба
(количината на етеричните масла зависи од количината на кафето)
За правењето на оваа крема неопходно ќе ви биде подолг период од 2 недели затоа, важно е навреме да го подготвите. Во секој случај не се откажувајте, ќе бидете изненадени од нејзиниот прекрасен мирис и текстура кои ќе ја направат вашата кожа еластична и мека.
100-грамското кафе од кесичката префрлете го во добро измиена и стерилизирана тегла, а потоа со лажичка додека мешате ставајте ги и етеричните масла (со исклучок на кокосовото) сè додека кафето не е целосно покриено со масло. Понатаму еднаш дневно ќе треба малку да ја промешувате смесата.
Оставете ја смесата да стои на дневна температура цели 14 дена, а потоа откако ќе измине времето, добро процедете го кафето за во новата тегличка да ви остане само маслото. Во него додадете малку витамин Е и кокосовото масло. Смесата измешајте ја со миксер и оставете ја во ладилник за да добие на црвстина и да наликува на речиси секоја готова антицелулитна крема.
Во текот на 6 месеци користете ја секојдневно. Најефективен начин за отстранување на целулитот е двапати дневно на местата каде забележувате целулит да ја втривате кремата со кружни и темелни движења.
Овој крем колку и да е ефикасен, не може сам целосно да го елиминира целулитот. Неговата редовна употреба во комбинација со здравата исхрана и пиењето на многу течности ќе ви помогне да го отстраните досадниот целулит.