Како да ја исенчате косата оваа пролет: Омбре, сомбре, фламбојаж или балајаж? (видео)

За омбре сенчањето сите веќе одамна слушнале. Како голем пролетен хит исто така беше најавено и сомбре сенчањето, но сигурно не знаете што значи фламбојаж и балајаж.

kako-da-ja-isencate-kosata-ovaa-prolet-ombre-sombre-flambojaz-ili-balajaz-foto-001.jpg

Ова се 4-те супер начини како може да си ја исенчате и освежите косата оваа пролет:

1. Омбре

Постепеното нијансирање на косата, но со драстично осветлување стана апсолутен хит помеѓу холивудските дами кои изгледа се изморија од боење на косата. Така, целиот свет реши дека темните корени и светлите врвови кои порано без неприфатливи, сега се модерни.


2. Сомбре

Сомбрето е помека варијанта со не толку забележително преминување на нијансите. Разликата помеѓу бојата на коренот и на краевите е драстично помала, односно оваа техника е уште попозната како „сонце во косата“ затоа што го има тој ефект на посветли врвови кои се прелеваат на сончева светлина.


3. Балајаж

Балајаж е нијансирање на косата преку мали прамени и оваа техника е наменета за жените кои сакаат малку поприроден изглед. Затоа што се работи за прамени, не мора да се оштетува и гори текстурата на косата, а токму тоа е предност за сите девојки и жени кои имаат тенко и кршливо влакно.


4. Фламбојаж

Последната техника е всушност спој од две претходни - омбре и балајаж. За да се постигне сенчањето фламбојаж се користи леплива фолија за попрецизно боење. Ова освежување на дел од косата е осмислена од Davines тимот, но многу брзо се прошири како светски тренд.

Би можело да ве интересира:

Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...
4 работи што најмногу ја оштетуваат косата (и како да ја вратите во нормала) Ако косата ви е искината од многу затегнати фризури или грубо чешлање, можете да...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg