Корисни трикови со чија помош секогаш ќе имате густи и долги трепки
Грутките, маскара на долниот капак, неправилно извиткани трепки се само дел од проблемите кои полека стануваат секојдневие за жените.
Добро е што со само неколку едноставни трикови и совети, од сега трепките ќе ви бидат погусти, подолги и совршено извиткани.
1. Свиткајте ја четката на маскарата
Кога ќе ја повлечете четкичката од тубата, нежно свиткајте ја. На овој начин многу полесно ќе ја контролирате четката и ќе стигнете дури и до најситните влакна на аголот од окото.
2. Избришете ја четката од салфетка
Новата маскара може да пренесе преголема количина црнило, заради што самите трепки изгледаат размачкани, залепени и полни со грутки. За да го избегнете овој проблем, првиот слој од производот исчистете го со марамче, а потоа нанесете на трепките.
3. Нанесете слој водоотпорна маскара врз обичната
Водоотпорните маскари не се најдобар пријател на трепките затоа што тешко се чистат, но ако нанесете само еден слој врз обичната маскара, ќе го продолжите дејството до крајот на денот. Плус, ќе го спречите лепењето на трепките кое обично се случува после неколку часа.
4. Маскарата нанесете ја од двете страни на трепките
Ако имате тенки или светли трепки, нанесувајте го производот од двете страни. На тој начин ќе ги здебелите и згуснете влакната.
5. За погусти трепки четката држете ја хоризонтално, за поприроден изглед исправено
Ако четката ја држите хоризонтално и ја движите рака лево-десно, ќе добиете густи трепки со волумен. Ако сакате поприроден изглед, четката држете ја исправено и нанесувајте го производот со врвот.
6. Кога маскарата ќе се згусне, потопете ја во врела вода
Кога маскарата ќе ви стане премногу густа и ќе почне да ви ги лепи трепките, наполнете една чаша со врела вода и потопете ја целата пластика во неа. Не заборавајте добро да ја затворите маскарата и пред употреба да ја протресете. На овој начин формулата станува повторно течна.
7. Ставете капки за очи во маскарата која ви се стврднала
Ако маскарата е тврда, а рокот на траење се уште не е изминат, капнете малку капки за очи. На овој начин ќе ја направите маскарата потечна и полесна за нанесување. Пред употреба добро измешајте.
8. Четкајте ги трепките со четка за заби
Со чиста четка расчешлајте ги трепките од коренот до врвот откако ќе нанесете слој маскара. На овој начин ќе ги отстраните сите грутки.
9. Извиткајте ги трепките со виткач, но во исто време нанесете маскара
Ако трепките после неполн час ви се лепат и го губат волуменот, пробајте го овој трик. Нанесете еден слој маскара додека ги виткате, оставете го да се исуши, а потоа нанесете уште еден слој.
10. Не се плашете да го помрднете виткачот за подобар ефект
За да добиете подолги и поизвиткани трепки, виткачот ставете го речиси до коренот и држете неколку секунди. Потоа опуштете го виткачот и фатете ја средината на трепките. На крај повторете ја постапката и на самиот врв на влакненцата.