Домашна маска со какао за поголем волумен на косата
Маските на база на какао не само што го зголемуваат обемот на косата, туку и ја обновуваат структурата, давајќи и мекост и сјај.
Оваа домашна маска има стимулативно дејство на коренот на косата и го забрзува растот. Со редовна употреба, косата ќе стане погуста и помалку кршлива.
Помешајте ½ чаша кефир со 1 кафена лажичка какао и 1 жолчка.
Дел од добиената смеса нанесете ја на коренот и добро измасирајте, а останатиот дел со чешлање распоредете го низ останатиот дел на косата.
Кога смесата ќе почне да се суши, нанесете уште еден слој. Потоа на косата ставете кеса. Главата стоплете ја со пешкир и почекајте 30 минути.
Потоа измијте ја косата на вообичаен начин.
За долгорочни и брзи резултати маската користете ја 2-3 пати пред миење во рок од 2 месеци.
Единствен недостаток е што ако имате светла или руса коса, по неколку недели користење на оваа маска бојата може да се промени и потемни.