За прекрасна фризура: 9 Трикови за сушење на косата
Убавата и негуваната коса е предуслов за добар изглед на секоја девојка, а сега прекрасната фризура можете да ја добиете додека ја сушите косата...
Без оглед на должината или видот на косата, постојат правила до кои треба да се држите.
За вашата коса да изгледа феноменално запомнете ги овие 9 трикови за сушење на косата:
1. Исушете ја по природен пат
Пред да почнете со фенирањето на косата, добро би било да ја оставите малку да се исуши по природен пат. На овој начин таа ќе биде помалку изложена на топлината од фенот и ќе има повеќе сјај.
2. Пешкир за коса од микрофибер
Овој производ има способност да ја исуши вашата коса, без да ја заплетка или наелектризира. Откако ќе го извадите, косата истресете ја со рацете и уживајте во густата коса со многу волумен.
3. Брановиден изглед
Делумно исушената коса потфатете ја во лесна пунџа и продолжете да ја сушите со фен. Откако таа ќе биде целосно сува пуштете ја и ќе добиете одличен брановиден изглед.
4. Косата сушете ја од коренот па надолу
Ако го почитувате ова правило вашата коса секогаш ќе биде убава и уредно исушена. Ако сакате да добиете волумен, фенирајте од долу кон горе, за целосно права коса со четката влечете ја кон рамениците.
5. Движете го фенот
Ако мислите дека косата побрзо ќе се исуши ако фенот го држите само на едно место грешите. Фенот мора да го движите низ косата, во спротивно ќе ја оштетите.
6. „Морски локни”
Косата испрскајте ја со вода во која претходно сте додале малку морска сол, фатете ја во пунџа и исушете ја со фен. Оставете ја уште 1 час да се исуши на природен начин. Пред да излезете, пуштете ја косата и ќе имате неодолив изглед.
7. Прсти наместо четка
Во текот на фенирањето наместо четка, обликувајте ја косата со помош на прстите. На овој начин ќе ја натерате да оди во правецот кој вам најмногу ви одговара.
8. Додајте волумен
Ако имате тенка коса сигурно знаете колку е тешко да додадете волумен, но сепак постои начин. Спуштете ја главата надолу, префрлете ја косата и делумно исушете ја. Потоа, кренете ја главата и фенирајте ја на вообичаен начин за да добиете прекрасен волумен.
9 Дифузер за кадрава коса
За девојките со кадрава коса, идеален начин на сушење е со дифузер. Тоа е додаток кој се става на фенот и служи за обликување на локните и рамномерно распоредување на топлината од фенот.