5 необични трикови за убавина кои секоја жена треба да ги знае

Сите жени ги обожаваат едноставните трикови за убавина кои ја олеснуваат рутината. Затоа ви предлагаме неколку кои до сега не сте ги пробале, а би требало.

5-neobicni-trikovi-za-ubavina-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-01.jpg

Вазелин или балсам за усни наместо бело моливче или сенка

Затоа што се густи, вазелинот и балсамот за усни имаат моќ да ги прекријат порите и да привлечат светлост заради која кожата ќе изгледа блескаво и свежо.


Селотејп против вишок сенка и светки

Отстранувањето на вишокот сенка и светкави детали знае да биде кошмар. Обичните производи за отстранување шминка некогаш не се доволни, па наместо да се нервирате, земете селотејп или мека самолеплива трака. Нежно залепете и одлепете од кожата за да го отстраните вишокот.


Пиво за прекрасна коса

Пивото може да ви помогне ако сакате блескава и бујна коса. По миењето, исплакнете ја косата со пиво, оставете да делува 5 минути, па исплакнете.


Брзи локни со хартија

Кога при рака немате витлери или фигаро, косата извиткајте ја со хартија за печење или обичен бел лист. Косата исушете ја со пешкир, замотајте ја околу стапчиња направени од хартијата и сушете со фен. Не заборавајте да фиксирате со лак за коса.


Овесни снегулки наместо сув шампон

Овесните снегулки го имаат истиот ефект како сувиот шампон, потребно е само да ги истриете низ косата и да исчешлате. Предноста е што не оставаат бели траги.

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg