6 Грешки кои несвесно ги правите кога нанесувате коректор

Коректорот е одличен сојузник кој е секогаш тука за да ги покрие трагите од забавата на која останавте до рано изутрина или од учењето до доцна навечер.

6-greski-koi-nesvesno-gi-pravite-koga-nanesuvate-korektor-01.jpg

Меѓутоа, со неговата неправилна употреба коректорот може да го уништи вашиот изглед.

Затоа е важно да научите правилно да го користите овој производ за да го добиете посакуваниот резултат.

1. Премногу светол коректор

Имате темни подочници? Светлиот коректор нема да ви го реши проблемот, туку напротив тој уште повеќе ќе ги истакне вашите подочници. Затоа, подобро е да изберете коректор кој ќе одговара на вашиот тен или пробајте го трикот со црвениот кармин. 


2. Не го фиксирате коректорот

Откако го нанесовте коректорот, неопходно е да го фиксирате, односно да нанесете течна или камена пудра. На тој начин, коректорот ќе си остане таму каде што сте го нанеле во текот на целиот ден.


3. Погрешна формула

Немојте да мислите дека постои само еден вид на коректор и дека можете да користите било каков. Неопходно е да го одберете вистинскиот за одредената намера и така ќе бидете сигурни дека не сте погрешиле. Пред да го купите, консултирајте се со вашата козметичарка или продавачот.

6-greski-koi-nesvesno-gi-pravite-koga-nanesuvate-korektor-02.jpg

4. Еднострана употреба

Излезете надвор од комфорната зона на шминкањето и откријте нови хоризонти кога е во прашање разубавувањето. Не морате коректорот да го користите единствено за подочниците, туку можете да го употребите и како основа за капаците пред да нанесете сенка, или за други делови од лицето кои ви се проблематични.


5. Коректор пред пудра

Ако прво нанесувате коректор па потоа пудра, големи се шансите коректорот да ви се размачка и да не остане таму каде што треба, односно под очите. Затоа е добро прво да ја нанесете пудрата, па откако таа ќе се впие натапкајте го коректорот на саканите места.


6. Акните ги покривате со помош на прсти

Прстите се идеални помагала за нанесување на коректор, но не и кога во прашање се акните. За да ги покриете што попрецизно, за овие неправилности неопходно е да користите тенка четка.  

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои шминката ќе ви изгледа совршено и на многу топло време Наместо течна пудра, користете BB крем или пудра во прав и нанесувајте водоотпор...
Детали кои не ги забележувате во изгледот, но поради нив делувате неуредно Темни траги на прстите од прстените, неразмачкана пудра, остатоци од долготраен ...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...
Како руменило, како коректор: За што сè можете да го користите карминот? Кога имате кармин со кремаста формула, ќе можете да го користите и како&nbs...
5 совети како да ги нашминкате ситните очи (за да ги зголемите визуелно) Тенка линија со тушот, светла сенка или коректор на внатрешната страна на окото ...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg