Имате проблем со митесери? Оваа домашна маска од квасец веднаш ќе го реши!
Без разлика на полот, секој може да има проблеми со митесери на кожата на лицето, грбот или вратот од различни причини.
Тие причини може да бидат зголемено железо во крвта, неправилна хигиена на кожата, менструација кај жените или допирање со нечисти раце, како и пубертет во кој митесерите не може да одминат никого.
Доколку моментално имате проблем со кожата, оваа домашна маска од квасец веднаш ќе го реши, бидејќи квасецот содржи витамин Б кој ги уништува митесерите.
Треба само да измешате 2 лажици јогурт со 1 лажица квасец и да оставите да отстои околу пет минути.
Во меѓувреме измијте го лицето, вратот или грбот со топла вода за подобро да ви се отворат порите и маската да има поголем ефект.
Нанесете од маската со благо триење и оставете ја да отстои половина час, а потоа повторно исплакнете со топла вода.
Додека ја употребувате оваа маска се препорачува да пиете по една лажица пивски квасец во денот или обичен квасец кој ќе го забрза процесот на отстранување на митесерите.
Нанесувајте ја маската секој ден додека не добиете виден резултат, а во меѓувреме избегнувајте внесување на шеќер и леб во исхраната.