4 фризури кои тенката коса ќе ја направат погуста
Девојките со тенко влакно сонуваат само за една работа - волумен. Често дури и очајуваат затоа што тенката коса едноставно никако не се вклопува со нивната замисла.
Ако го делите искуството, тогаш сигурно сте пробале милион препарати за волумен и начини за чешлање на косата, без да ви текне дека постојат соодветни фризури за овој проблем.
Ова се само 4-те најлесни кои ќе ја направат безживотната коса двојно погуста:
1. Брановидна коса со средна должина
Колку што ви е пократка косата, толку поголеми ви се шансите за да изгледа погусто. Модерните боб фризури се идеални за тенкото влакно, а благо извитканите прамени ќе го подобрат ефектот.
2. Коса со степен
Доколку не сакате да се откажете од долгата коса, тогаш ишишајте се на степени. Исто така не се препорачува пеглана коса со степени, туку благо извиткани краеви.
3. Неуреден боб
Пеглата не е пријател на тенката коса. Неуредните фризури делуваат многу подобро, посебно ако се кратки. Направете патец на страна, префрлете ја косата и ќе забележите колку погусто ќе изгледа.
4. Шишки
Можеби помисливте дека најлошата варијанта би била ако дел од тенката коса „потрошите“ на шишки, но грешите. Шишките ќе создадат волумен околу ликот, додека подолгиот дел од косата е идеален за различни локни.