Подмладување без инекции: Масирајте го лицето со лажички
За изгледот на секоја жена во 30тите важна е редовната масажа на лицето. Тоа е поврзано со фактот дека еластичноста на кожата почнува постепено да слабее, а поткожното ткиво станува сѐ поизразено.
За да ја сочувате младоста и убавината ќе ви помогне една интересна масажа со помош на лажички. За 10 дена веќе ќе постигнете неверојатни резултатите, под услов истата секојдневно да ја практикувате.
Потребно ви е:
- Кафени лажички
- 1 чаша со студена вода со коцки лед
- Мала чинија со загреано масло (маслиново, невеново, сончогледово).
Постапката е следна:
1. Отстранете ја шминката од лицето, измијте се и нанесете хидрадантна крема. Во меѓувреме, лажичките дезинфицирајте ги со алкохол и ставете ги во чаша со вода и лед.
2. Изладените лажички потпрете ги на горните капаци од очите. Држете ги неколку секунди и повторете ја постапката 5 пати. Топлите лажички менувајте ги со ладни, па истата постапка повторувајте ја и на подочниците. На овој начин ќе се ослободите од отоците на капаците и подочниците.
3. Потоа, лажичките спуштете ги накратко во загреаното масло и можете да започнете со масажа на лицето. Со благи притисоци поместувајте ги лажичките по линиите на лицето.
Основни линии на лицето за масажа:
- По челото од горниот дел на носот кон слепоочницата и линијата на растот на косата.
- По капаците со кружни движења од внатрешниот агол па повторно кон него.
- По образите, од носот кон слепоочниците.
- Од брадата кон слепоочниците.
- По вратот од неговиот почеток па до брадата.
Секое движење повторувајте го најмалку 10 пати.
Секој пат кога лажичката почнува тешко да лизга, повторно спуштајте ја во чинијата со масло, а после масажата измијте се со топла вода.
Оптималното траење на масажата е 10 минути, но треба постепено да се зголемува, односно почнете со 1 до 2 минути и секој ден зголемувајте за минута. 10тиот ден масажата доведете ја до 10 минути.
Масажата, временски е неограничена, а уште првиот ден ќе го почувствувате нејзиниот ефект.