Облоги од кафе и чоколадо против целулит
Кафето и чоколадото се одлични средства во борбата против таложењето на маснотии и вишок вода под кожата.
Овие 2 состојки ни се секојдневно достапни, па затоа вреди да пробате една од овие 2 методи:
Облоги од кафе
1 шолја мелено кафе треба да промешате со вода додека не добиете густа смеса слична на паста, па тогаш додајте 2 лажици маслиново масло.
Оваа мешавина нанесете ја на стомакот и бутовите, замотајте се со пластична фолија и лежете покриени со топло ќебе околу 1 час.
Повторувајте ја постапката еднаш во 3 дена и за резултатите нема да треба да чекате предолго.
Чоколадни облоги
Ставете 200g какао во прав во половина литар врела вода, помешајте и оладете. Смесата нанесете ја на проблематичните зони во слој дебел 2-3 mm.
Замотајте го телото со пластична фолија, а по 15 минути измијте се со млака вода.
Постапката ви ја препорачуваме 2 до 3 пати неделно.
Истите облоги може да ги направите и со 200g стопено црно чоколадо и лажица маслиново масло.