За зафатените дами: 10 фризури готови за 5 минути

Ако секое утро станувате со помислата што денес да направите со вашата коса, а сепак немате повеќе од 5 минути да и обрнете внимание, тогаш овие фризури се спас за вас.za-zafatenite-dami-10-frizuri-gotovi-za-5-minuti-1-

Пробајте ги овие брзи, модерни и романтични фризури со кои ќе изгледате како да сте потрошиле цело утро подготвувајќи се.

Предновогодишните забави веќе започнаа, а вие секако не можете да си дозволите никаде да се појавите без средена коса. За секој проблем има решение, а тоа важи и за вашиот изглед.

Заблескајте во полно светло со овие 10 фризури и секој ден имајте нова фризура готова за 5 минути:

1. Локни како од салон

Навиткајте ја косата во убави локни за само 5 минути. Врзете ја косата во високо репче и поделете ја на два дела, а потоа со помош на фигаро навиткајте ја. Откога ќе завршите, пуштете ја косата и ќе добиете прекрасни локни, како штотуку да сте излегне од салон.

za-zafatenite-dami-10-frizuri-gotovi-za-5-minuti-1


2. Извртена пунџа

Убаво исчеткајте ја косата за да создадете волумен. Потоа префрлете ја косата на една страна и обидете се да ја свиткате косата навнатре и затегнете ја косата со помош на шноли. Оваа едноставна фризура е одлична доколку одите некаде на ручек, на работен или љубовен состанок.

za-zafatenite-dami-10-frizuri-gotovi-za-5-minuti-2


3. Елегантно и лесно

Оваа супер лесна фризура е создадена за новогодишните забави и одлично прилега со секоја гардероба. Заврзете ја косата во ниско репче, а претходно од десната и левата страна извртете дел од косата, а делот од репчето само ставете го внатре и зацврстете го со шноли.

za-zafatenite-dami-10-frizuri-gotovi-za-5-minuti-3


4. Ниска пунџа

Ниската разбушавена пунџа е одлична за секојдневните и неформални излегувања. Разбушавете ја и исчеткајте ја косата, а потоа заврзете ниско репче. Косата од репчето раздвојте ја на два дела и свиткајте ја околу ластикот. Не се трудете да ја направите совршено, бидејќи нејзината поента е да биде што повеќе разбушавена.

za-zafatenite-dami-10-frizuri-gotovi-za-5-minuti-4


5. Необично коњско опавче

За викенд излегувањата направете ја оваа елегантна фризура. Заврзете ја целата коса во ниско репче, освен предните прамени на косата од двата дела до лицето, кои ќе ги завиткате во лесен чвор околу ластикот.

za-zafatenite-dami-10-frizuri-gotovi-za-5-minuti-5


6. Долго репче

Коса фатена во репче е идеален избор за врнежливите зимски денови, но овој пат направете ја поинаку, односно вашата коса нека изгледа подолга отколку што е. Прво исчеткајте ја косата, а потоа поделете ја во две репчиња, едно од горниот дел од косата, а друго од долниот дел. Добивате одличен и романтичен изглед.

za-zafatenite-dami-10-frizuri-gotovi-za-5-minuti-6


7. Поинакво репче

Ако немате време секој ден да си правите фризура, но сепак сакате уникатен и совршен изглед, пробајте го ова поинакво репче. Фатете ја косата во репче на едната страна и целата коса протнете а низ него. Потоа проширете го со помош на прстите свитканиот дел и повторно вметнете ја косата низ него и така виткајте ја неколку пати.

za-zafatenite-dami-10-frizuri-gotovi-za-5-minuti-7


8. Романтичен изглед

Убаво истапирајте ја косата, особено горниот дел во кој ќе ја превиткувате за да направите што поголем волумен. Во горниот дел од косата земете еден дел и свиткајте го, така што ќе ви дојде како еден вид круна, а потоа ставете повеќе шноли за да ја спречите фризурата од растурање. Како што ја виткате косата кон задниот дел, од долниот дел од косата земајте по малку делови и на крајот спојте ги. Ќе добиете одличен романтичен и изглед.

za-zafatenite-dami-10-frizuri-gotovi-za-5-minuti-8


9. Брза разбушавена пунџа

Соберете ја косата во високо репче и направете неуредна пунџа, а остатокот од косата само вртете го околу репчето и зацврстувајте го со помош на шноли. Откога ќе ја направите, развлечете ја малку косата за да го добиете бушавиот и неуреден изглед.

za-zafatenite-dami-10-frizuri-gotovi-za-5-minuti-9


10. Слатка пунџа

Слатка и романтична фризура на која никој нема да може да одолее. Најпрво соберете ја косата со ластик и направете долга плетенка. Потоа со прстите направете дупка над ластикот и протнете ја плетенката. Откога ќе го направите тоа, остатокот од плетенката само завиткајте го до крај и зацврстете го со шноли. 

za-zafatenite-dami-10-frizuri-gotovi-za-5-minuti-10

Би можело да ве интересира:

Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg