3 фризури кои ќе ја издржат секоја зимска капа
Сакале или не, зимата е време кога капата е задолжителен додаток. За жал, ретко која фризура останува иста откако ќе ја ставите на глава.
Високиот реп и пунџите веќе не се во игра, како и совршените локни кои под капата сигурно ќе се уништат.
Сепак, дајте им шанса на овие 3 фризури и сите нивни варијации:
1. Ниски пунџи
Ниските пунџи се идеален начин да ја соберете косата и да изгледате елегантно, без трудот да ви пропадне. Може да бидат на средина или на страна, важно е да ги спуштите колку пониско можете. Заедно со дезенираната баретка можете лесно да го постигнете францускиот шик.
2. Плетенки
Универзална фризура која можете да ја носите во текот на целиот ден. Идеални се за зима, кога сакате да се стуткате во дебелите капи без да се секирате дали некое влакно ви излегло на страна. префрлете ја косата на една страна, сплетете ја како сакате и облечете ја омилената капа - крајниот резултат ќе биде фантастичен.
3. Лесни, крупни локни
Извиткајте ја долната половина од косата со фигаро, пегла или преспијте со плетенка. Пуштете ја слободно да паѓа или префрлете ја на едната страна од рамото. На ситните и дефинирани локни може да заборавите, но затоа природните и крупни локни одлично се вклопуваат со тесните капи и шубари.