Лесна домашна маска за заштита на лицето од зимата
Студеното време може многу лошо да влијае на кожата, особено на лицето. Затоа мора редовно да се негува и да се подгoтви за студот кој следи.
Наместо скапи производи со делумно дејство, може и сами да си направите лесна маска за лице со која ќе се заштитите само за 2 недели од користењето.
Потребни состојки:
- 1 лажичка мед
- 1 жолчка
- 30 g млеко во прав
Подготовка:
Сите состојки измешајте ги додека не добиете смеса како паста. Потоа нанесете ја убаво размачкана на лицето додека лежите и прекријте го со газа и тенка памучна крпа.
По половина час измијте се и намачкајте се со хидратантна крема. Веднаш ќе забележите дека лицето ви е помазно и помеко.
По една недела употреба веќе без проблем ќе се соочите со студениот ветер, без да се грижите дека ќе ви ја исуши кожата или ќе ви направи брчки.