Домашна маска од кромид против првут и опаѓање на косата
Маската за коса со кромид е моќна исхрана на главата заради минералите и витамините кои се наоѓаат во овој плод.
Таа ја хидрира кожата, го спречува опаѓањето на косата, ја подобрува структурата на влакото и го забрзува растот.
Со помош на оваа маска ќе се ослободите и од првутот, па затоа е одлична алтернатива за скапите козметички препарати кои најчесто и не се делотворни.
Ова е единствениот рецепт кој ви е потребен за домашна нега на косата:
- 2 супени лажици свежо исцеден сок од кромид
- 1 супена лажица мед
- 1 супена лажица мајонез
- 1 супена лажица маслиново масло
Сите состојки добро промешајте ги и втријте ги на главата. Ставете капа за туширање или обична кеса. Главата замотајте и во пешкир.
Маската чувајте ја 1 час, по што ќе ја измиете со благ шампон и умерено топла вода.
За постигнување на долгорочни, позитивни резултати маската применувајте ја 2 пати неделно.