Направете нешто за себе: 6 тајни кои го забавуваат стареењето
Иако стареењето е нормална фаза и дел од животниот циклус, секој би сакал колку може подолго да го задржи младешкиот изглед. Трошите многу пари само за да изгледате помлади, а борбата со годините никако не можете да ја добиете.
Но, постојат некои тајни за младолик изглед кои не чинат многу, а даваат многу.
1. Пијте повеќе чај
Луѓето од Далечниот Исток уште одамна почнале да консумираат зелен чај поради сите негови благодети.
Денес, ширум светот, после водата, најчест пијалак е чајот. Зелениот чај е преполн со антиоксиданси, т.н. катехини за кои истражувањата покажале дека ги намалуваат наслагите на стомакот.
Овој чај го ублажува стресот, воспаленијата и го забрзува метаболизмот, а го намалува ризикот од срцеви заболувања и се користи при инфекции и настинки.
Во Кина се употребува повеќе од 5000 години, а позната е и старата кинеска поговорка: „Подобро 3 дена без храна, отколку 1 ден без чај“.
2. Гответе со маслиново масло
Силните антиоксиданси кои ги содржи маслиновото масло го намалуваат ризикот од мозочен удар, инфаркт и другите болести кои се поврзани со стареењето, дури за 30 отсто.
Но, и здравите, масти во маслиновото масло може да имаат многу калории, па затоа користете го во умерени количини.
3. Вежбајте на вистински начин
Истражувањето од 2013 година покажало дека вежбањето е еден од најдобрите начини за спречување на намалената подвижност која се јавува често во староста. Вежбите не само што ја одржуваат кожата млада, веќе можат и да ја подмладат и тоа за 40 години. Истото важи и за оние кои ќе почнат со физичка активност во подоцнежните години. Секојдневното шетање е вистински избор.
4. Водете љубов почесто
Веројатно не ви треба многу убедување за да имате повеќе секс. Британскиот психолог Дејвид Викс дошол до одлични резултати, дека оние кои се на возраст помеѓу 40 и 50 години и кои имаат секс за 50 отсто повеќе од останатите испитаници, изгледаат 5 до 7 години помлади. Сексот не ја одржува само вашата кожа поеластична и помлада, туку може да ви го продолжи и животниот век.
5. Купувајте поквалитетни градници
Навечер, секако, мора да го соблечете градникот пред спиење, но она што исто така е важно е удобноста на градникот кој го носите во текот на денот.
Иако градите се опуштаат како што одминуваат годините, сепак истражувачите истакнуваат дека добриот градник може да го одложи тој процес, да ве ослободи од болката во грбот и да ви овозможи правилно држење.
6. Забавете го темпото и мислете позитивно
Духовниот лидер Дипак Чопра рекол дека моќта на мислите може да го забави стареењето. Тој советува дека мора да забавите.
„Променете го вашиот однос кон времето. Ако постојано сте во брзање, тогаш и вашиот биолошки часовник ќе се забрза. Луѓето кои постојано се жалат дека им фали време, крвниот притисок им скокнува и пулсот им се забрзува“.