Постигнете совршен волумен на косата без фенирање
Секако дека со помош на фенот, фигарото или сличните апарати за стилизирање може да добиете прекрасна фризура, но не сте ни свесни колку истите можат да го „згаснат” сјајот на вашата коса.
Од друга страна пак, природното сушење никогаш нема да ви наштети на косата, но ако мислите дека нема да го добиете истиот волумен, тогаш грешите.
Погледнете ги овие неколку решенија кои ќе ја задржат вашата коса сјајна и здрава:
1. Прескокнете го регенераторот
Ако сакате навистина голем волумен, избегнувајте ги балсамите за коса. Не морате целосно да ги исфрлите од употреба, но нема да се случи ништо страшно ако еднаш не ги употребите, освен што ќе добиете волумен.
2. Добро исушете ја со пешкир
Земете пешкир и превртете ја косата надолу, а потоа замотајте ја во пешкирот и цврсто масирајте го темето. На овој начин ќе ги зајакнете кутикулите, а вашата коса ќе има повеќе волумен.
3. Играјте си со косата
Додека таа се суши по природен пат, со прстите поминувајте низ неа. Така ќе и додадете фина текстура и природни бранови, односно волумен.
4. Повремено зафрлајте ја косата (главата) горе-долу
Ако во текот на денот се случи косата да ви спласне, вие замавнете со неа горе-доле, а оваа метода можете да ја користите и додека ја сушите.
5. Носете пунџа
Косата завртете ја на врвот од темето и претворете се во балерина. Оставете ја така додека се облекувате и шминкате, а потоа пред да излезете пуштете ја. Ќе имате инстант голема, секси фризура, која сте ја постигнале на наједноставниот начин на светот.