Маска за лице од компири: Ослободете се од митесерите и нафрлувањето од сонцето
Летно време треба повеќе грижа да му посветите на лицето, особено на неговото чистење. Доколку немате многу време, а сакате набрзина да ја исчистите кожата, може да ја пробате оваа маска.
За да направите едноставна маска за лице потребни ви се само два производа кои сигурно ги имате во кујната –компир и маслиново масло.
Подготовката е многу едноставна. Сварете го компирот, излупете го и истолчете го добро. Во смесата додајте неколку капки маслиново масло и нанесете ја на лицето, вратот и деколтето, додека е маската сè уште топла.
Оставете да делува на лицето околу половина час, додека не се исуши. Потоа, исчистете ја и измијте го лицето со млака вода.
Освен што ќе ви ја овозможи неопходната нега, оваа маска може многу да ви помогне и во борбата со акните, митесерите и нафрлувањето од сонцето.