Имате разлетана коса? Овие работи мора да ги носите во вашата чанта
Девојките со разлетана коса и неправилна фризура ќе разберат кога само ќе ги наброиме временските услови: дожд, снег или ветер, сето ова предизвикува големи главоболки.
Излегувате од вашиот дом со уредна фризура, но веќе по неколку минути вашата коса се извиткала, неколку праменчиња штрчат и таа станува крута, па мора да се мачите средувајќи ја во текот на целиот ден.
Пеглата за коса, фигарото можат исто така да бидат големи непријатели на неуредните прамени, па сигурно трошите часови додека да ги средите.
Доколку се соочувате со вакви проблеми овие работи мора да ги носите со вас и да бидат дел од вашата чанта:
1. Многу шноли - Ќе се заштите од ненадејниот дожд или ветер особено во овие пролетни денови. Шнолите ќе ви помогнат да ги зацрстите деловите од косата.
2. Ластичиња - Задолжително мора да имате по некое ластиче за да ја соберете вашата коса. Избегнувајте секојдневно врзување на косата бидејќи може да ја оштетите или менувајте ја положбата на врзување на ластичето.
3. Венче - Она кое обожавате да го носите секогаш нека ви биде при дофат. Не знаете кога може да ви затреба.
4. Огледало - Секако е задолжително за секоја девојка, а особено за оние со неправилна коса. Осигурајте се дека вашата коса е уредна пред да заминете на важен состанок.
5. Капа или марама - Носете секогаш некој од овие парчиња за да ја заштитите вашата коса од дожд. Девојките со ваква коса, ќе се сложат дека чадорот за нивната коса нема никаква функција.
Колку од овие работи се наоѓаат во вашата чанта и како вие ја заштитувате разлетаната коса? Споделете и продолжете ја оваа листа на работи кои морате да ги имате.