7 најчести грешки во користењето пегла за коса

Уредот кој го замени исцрпувачкото рамнење на косата со четка и фен и одењето на фризер е пеглата за коса. Според предностите почестото користење на пеглата покрај тоа што овозможува брза и постојана фризура има и негативни страни, бидејќи го оштетува влакното.

7-najcesti-greski-vo-koristenjeto-pegla-za-kosa-01

За да ја зачувате косата од испукување  и сушење потребно е да обрнете внимание на најчестите грешки кои се прават за време на исправувањето.

1. Пеглање коса без заштитни средства

Еден од примарните чекори во обликувањето на фризурата со пегла е заштита на влакното со помош на крем, масло или маска. Доколку заборавите да ѝ овозможите на косата соодветна заштита, поради изложеноста на висока температура пука, се крши и се суши.

2. Приспособување на температурата

Високата температура ја суши и ја оштетува косата, но намалената температура пак, ве принудува повеќе пати истиот прамен да го исправувате со што дополнително го оштетувате. Затоа најидеална препорачана температура е 210 степени.

7-najcesti-greski-vo-koristenjeto-pegla-za-kosa-1

3. Трагите од пеглата нa косата

Пред пеглањето на косата неопходно е да ја расчешлате, да ја поделите на прамени, па дури потоа да почнете со рамнење. Јазлите и заплетканите влакна не може да ги израмните, под висока температура дополнително пукаат и предизвикуваат создавање траги од пеглата на коса.

4. Безживотна коса без волумен

Најчестата грешка поради која косата после пеглањето станува безживотна е погрешниот начин на рамнење. Повлекувањето со пеглата од коренот до врвовите го одзема волуменот и животот на влакното. Косата пеглајте ја така што прамените со пеглата ќе ги повлекувате од долу кон горе. Трик кој ќе ви даде волумен е и подвиткување на врвовите навнатре.

7-najcesti-greski-vo-koristenjeto-pegla-za-kosa-2

5. Користење крива пегла

Пеглите со керамички плочки се идеални за сите типови коса бидејќи иако се лизгаат по косата , бидејќи топлината рамномерно се распоредува. Ако сакате да ја избегнете наелектризираната коса користете пегла со плочки од турмалин кои се идеални за дебела и виткана коса. Големината на плочките е исто така важна. Тесните плочки се наменети за кратка коса, а широките за долга, густа и виткана коса.

6. Пеглање на влажна коса

Една од најчестите грешки кои ги правиме во брзањето е пеглањето влажна коса. На овој начин влакното е изложено на двојна топлина, кога водата од косата испарува и го оштетува влакното. Мора да ја исушите косата пред да ја пеглате.

7. Нередовно чистење на пеглата

Пеглата за коса се валка од косата и препаратите кои ги нанесуваме. Масните честички се лепат за плочките и под висока температура повторно се лепат на косата. Затоа, потребно е редовно да ја чистите со влажни марамчиња откако целосно ќе се излади. Оставете ја да се исуши, пред повторно да ја користите.

7-najcesti-greski-vo-koristenjeto-pegla-za-kosa-3

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...
Колку често може да ја фарбате и бланширате косата без (премногу) да ја оштетите? Понекогаш наједноставниот начин да го трансформирате вашиот изглед е со промена ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg