6 совети за шминкање со кои вашето лице ќе сјае оваа пролет
За свеж, пролетен изглед на вашиот лик не се важни само боите на шминката што ќе ги изберете, туку и подлогата со која ќе ја подготвите кожата за шминкање или шминката со која ќе ѝ дадете малку сјај. Како да се нашминкате оваа пролет за вашето лице да блеска?
По долгата и мрачна зима, период во кој најчесто доминираат темни бои, време е да му дадете свежина на вашиот лик.
А тоа најлесно можете да го направите со шминката, која оваа сезона треба да е минималистичка и во природни тонови.
Што да смените во вашата секојдневна рутина за шминкање (или со што да продолжите) ако сакате вашиот лик да сјае оваа пролет?
Користете хидратантна подлога
За вашата шминка да е лесна и да делува природно, важно е кожата да ви биде добро негувана и подготвена за шминкање.
Затоа, првиот чекор е хидратацијата, со која кожата ќе се опорави од сувата зима и ќе добие нов сјај.
Исчистете го лицето со средство за чистење кожа, па ставете хидратантен тонер.
По ова нанесете хидратантна крема и на крајот завршете ја постапката со крем со заштитен фактор.
Избегнувајте тешка пудра
Ако користите пудра со лесна структура, вашето лице ќе блеска - тешката пудра ги затвора порите и не ѝ дозволува на кожата да дише.
Наместо пудра можете да користите CC или BB крема, или хидратантна крема во боја на кожа.
Користете хајлајтер
Вашата кожа ќе сјае и ако ѝ нанесете малку хајлајтер, без оглед дали е во прав или течен.
Ставете малку хајлајтер на образите под окото, на врвот на носот мала точка и тенка линија под веѓата.
Но, не претерувајте со количината, бидејќи не треба да блескате во буквална смисла на зборот.
Изберете розово руменило или руменило во боја на кајсија
За свеж изглед на лицето е важен и изборот на руменилото.
Оваа сезона користете светло розови тонови или руменило во боја на кајсија.
Ако имате мрсна кожа изберете пудра во прав, а ако имате сува кожа решете се за течно руменило.
Нагласете ги усните
Малку црвен или бордо кармин, или пак сјај за усни во потемна боја, со која ќе му дадете контраст на целиот лик.
Пастелни сенки за очи
Пастелните сенки ќе му дадат нежен изглед на окото и ќе ја доловат свежината на ликот која сакате да ја постигнете.
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:





