8 грешки во шминкањето поради кои изгледате постаро
Не нанесувате прајмер пред пудрата и користите сенка со светки која ги истакнува брчките.
Целта на шминката е да ги нагласи нашите убави карактеристики и да ни помогне да ги скриеме оние што не ни се допаѓаат.
Но, со некои грешки, може да само да ги нагласите работите што сакате да ги скриете, како брчките.
Осум чести грешки во шминкањето кои прават да изгледате постаро:
Не користите прајмер
Прајмерот е основа за шминката што не треба да ја прескокнете.
Кога ќе ставите пудра без прајмер, пудрата може да ги истакне и најмалите брчки на лицето.
Прајмерот не само што ја измазнува кожата, туку може и да ја направи шминката подолготрајна.
Ставате многу пудра
Ако ставите дебел слој пудра, лицето ќе ви изгледа како да носите маска, но и може да ги истакне брчките на лицето.
За најдобро да ги прикриете недостатоците на лицето, прво ставете коректор, па потоа пудра.
Користите коректор со погрешна нијанса
Коректорот треба да биде само една нијанса посветол од вашата кожа.
Ако е многу светол, ќе се познава, особено ако го ставите под очите.
Користите сенка со светки
Сенката со светки може да ги истакне брчките на капаците и да ги направи многу поголеми и повоочливи.
Ако сакате светкава сенка, нанесете ја само на внатрешниот дел од окото или ставете на центарот на очниот капак.
Но, сепак, за сјаен изглед многу подобри се мрсните сенки за очи со кои можете да се постигне колку-толку ист ефект, без да ги нагласите брчките.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





