Трикови со кои шминката ќе ви изгледа совршено и на многу топло време
Наместо течна пудра, користете BB крем или пудра во прав и нанесувајте водоотпорна маскара.
Шминкањето во лето е вистински предизвик.
Кога температурите се над 30-тиот степен Целзиусов, доволно е да останете 15-тина минути надвор за да почнете да се потите и шминката да ви се растече.
Во продолжение, неколку трикови со кои ќе го избегнете ова:
Користете прајмер
Прајмерот ја измазнува кожата, па го прави нанесувањето на шминката полесно.
Истовремено, благодарение на прајмерот, шминката изгледа многу подобро, а може и да трае подолго.
Користете продукти со лесна текстура
Ако можете, во лето избегнувајте ја течната пудра и дајте им предност на шминките со полесна текстура.
На пример, наместо пудра можете да користите BB крем кој не е густ како пудрата, а сепак ќе го покрие црвенилото на кожата.
Можете да користите и пудра во прав која е одлична доколку имате помрсна кожа.
Користете фиксирачка пудра во прав
Фиксирачката пудра во прав ја прави шминката подолготрајна.
Идеална е за во лето бидејќи од неа лицето нема да ви се поти многу, па ќе го избегнете и сјајот.
Контурирање со крем за самопотемнување
Ова е трик кој не треба да го пробувате ако не сте вешти со контурирање.
Исто така, ако имате многу бела кожа, сепак прескокнете го трикот бидејќи со кремот можете да направите голем контраст.
Ако сте експерт за контурирање и имате потемна кожа, триков може да ви се најде во лето.
Идејата е да го контурирате лицето со мало количество крем за самопотемнување, за да не мора да го контурирате со шминка.