Убавина под нож: Турците полнат џебови пресадувајќи коса, Бразилците со хармонизација на лицето
Турците – лидери во медицинскиот туризам
Турција е позната туристичка дестинација, спој на две култури, европска и азиска, со богата историја, величествена архитектура и феноменална кујна. Но, во последно време, станат хит дестинација за пластични операции во пакет со шопинг и посетата на познатите локалитети.
Земјата привлекува пациенти од целиот свет кои бараат квалитетна здравствена нега по пристапни цени. Турција нуди широк спектар на медицински услуги, вклучувајќи стоматологија, операција на очите, трансплантација на коса, пластична хирургија, ортопедска хирургија, кардиологија и онкологија.
На ТикТок видов видео снимено на турски аеродром и авион кој полетува од таму. Авионот - полн со мажи со завои на главата, кои срамежливо одбегнуваат погледи и разговори со другите патници.
@wakeupfreunde #turkishairlines #turkishhairtransplant #türkei #hairtutorial #haareimplantieren
♬ Originalton - Wake-Up
Филерите, ботокс третманите и ринопластиката се исто така популарни процедури за туристите кои сакаат да го променат својот изглед.
Достапните цени, безвизниот влез и краткотрајноста на летовите од голем дел од Западна Азија, Северна Африка и Европа, ја мапираат Турција како поволна дестинација и рај за пластичните операции и естетските зафати.
@ogmrc713 I flew over 8,000 miles to Istanbul Turkey to get a 6,100 Hair graft Transplant & this is how it went… #hairtransplant #hairtransplantturkey #hairtransformation
-->♬ All My Life (feat. J. Cole) - Lil Durk
А, турските клиники функционираат и како туристички агенции, бидејќи не ја нудат само операцијата, туку „аll inclusive“ понуда, која вклучува сè - од летови, трансфери, луксузно сместување и нега по операциите, до тури и шопинг низ градот.
За пациентите тоа е полн погодок - сè што треба да направат е да платат и да го фатат летот, бидејќи секој друг аспект е организиран, дури и пречекот на аеродромите.
Но, она што ги привлекува пациентите се цените на овие понуди.
Во просек, пациентот плаќа од 4.000 до 6.000 долари за трансплантација на коса, која се смета за евтина. На интернет можат да се најдат и понуди од 1.000 долари за пресадување коса, но со сомнителен квалитет.
@charmdiarieslive2 Come with me for Surgery part 1 Follow for more parts #surgery #surgerytiktok #tummytuck #liposuction #turkeysurgery #bbl #tummytuckjourney #fatsurgery #weightloss #fyp #foryourpage
♬ Calm background music with acoustic guitar and saxophone(1288148) - ame
За споредба, процедурите како трансплантација на коса не се достапни во Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) и тие можат да чинат дури 30.000 фунти (34.400 евра) кога се прават приватно.
Слично на тоа, козметичката ринопластика може да чини околу 7.000 фунти во Велика Британија (8.000 евра), не вклучувајќи ги трошоците за консултации и слично, додека во Турција процедурата чини помалку од половина од тоа, вклучувајќи ги цените на авионските карти и сместувањето.
Турските клиники се модерни и опремени со последната технологија, а медицинскиот персонал е високо квалификуван, што е уште еден доказ за нивната професионалност и колку Турција вложува во развојот на медицинскиот туризам.
Турските клиники и лекари имаат одлична репутација и секоја година привлекуваат илјадници пациенти од целиот свет кои ја избираат Турција за медицински третман или операција.
А, за популарноста на турските пластични хирурзи дефинитвно помагаат сите ТикТок и Инстаграм инфлуенсери кои детално ги документираат своите искуства, споделувајќи цени, имиња и, секако, гордо покажувајќи го својот нов изглед.
Трпи моме за убавина
Има една стара македонска поговорка која вели „Трпе моме за убавина“.
Порано, жените за да бидат убави ги плетеле долгите коси, што може да боли зошто ја затегнува кожата и се депилирале со растопен шеќер (што е болно), а самото средување на веѓите е вистински пекол.
За убави и витки стави, се држеле диети, вежбање со часови во теретани, пешачење и трчање, а сега сè што треба да се „истрпи“ е само една операција или естетска процедура.
Нема веќе потреба од неколкумесечни диети и откажување од омилените слатки и печива, кога со една операција се решава тој „проблем“.
А, зошто да се дигаат тегови, кога со малку ботокс, стомачните мускули ќе личат на скулптура од грчки бог? Сега сè е можно, лесно и брзо, требаат само поголеми суми кеш.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.
И. Ј.| Црнобело