10 ситници во изгледот што жените ги занемаруваат и им даваат неуреден изглед
Вчерашна фризура, испукани усни и торба за пазарење наместо чанта – некои ситници можат да ви го уништат целиот изглед, без разлика колку добра облека носите.
Многу ситници што обично ги занемаруваме имаат огромно влијание врз нашиот изглед.
На кои детали треба да обрнете внимание за да не изгледате неуредно?
Вчерашна фризура
Нормално е да сакате подолго да ја носите фризурата што сте ја направиле на фризер, но откако ќе преспиете со неа, следниот ден сигурно нема да изгледа добро.
Ако на косата имате лак и други продукти, во текот на ноќта само ќе се истутка и заплетка.
Нерамномерно размачкана пудра
Пред да излезете од дома, внимателно проверете го целото лице во случај да ви останале дамки пудра, па и од руменило и слични продукти.
Овие дамки ќе ја расипат и најубавата шминка и со нив ќе изгледате смешно.
Исто така, не заборавајте дека руменилото треба да ви биде добро размачкано, а не да се познава линија на лицето.
Остатоци од храна на забите
Првото нешто што го забележуваме сите е насмевката.
Што значи, и најмалите остатоци од храна дефинитвно привлекуваат внимание и го уништуваат вашиот изглед.
Нормално, не сте секогаш во можност да ги миете забите, но секогаш можете да употребите гума за џвакање.
Накит со паднати камчиња
Некогаш се случува да ги изгубиме камчињата од накитот.
Но, колку и да ви е убав накитот, избегнувајте да го носите штом ви недостасуваат камчиња и циркони – ова е премногу забележливо и го уништува вашиот изглед.
Ако станува збор за поскап накит, секогаш можете да го однесете во златарница за да ви го поправат.
Торба за пазарење наместо чанта
Ако користите торба за пазарење, браво за вас, но немојте да ги носите овие торби како замена за чанти бидејќи не се за таа намена.
Со нив можете да си го уништите целиот изглед.