8 бон-тон правила за во лето со кои ќе изгледате како дама
Не шетајте во бикини низ туристичките градови
Да, вие сте на одмор и сакате да се опуштите, но не заборавајте дека на скоро сите туристички дестинации има луѓе кои живеат таму.
Па, не е културно да шетате низ градот во бикини.
Всушност, во некои градови постои и забрана за ова, па бидете внимателни.
Избегнувајте силни парфеми
Во најжешките денови, најдобро е целосно да го прескокнете парфемот.
Можеби вие нема да го чувствувате, но во комбинација со жешкото време, дефинитивно ќе им пречи на другите околу вас.
Сосема доволно е да ставите крем со фактор со пријатен мирис.
Навечер користете парфем со посвежи ноти, како цитрус.
Не носете многу разголена облека на работа
Без разлика што е многу топло, на работа сепак треба да покажете професионалност.
Па, избегнувајте многу кратки здолништа, многу отворени маички и слична разголена облека.
Вадете ги очилата кога влегувате во локал
Освен ако немате проблем со очите поради кој мора постојано да носите очила за сонце, препорачливо е да ги извадите кога ќе седнете во локал.
Исто така, не ги ставајте очилата на главата, туку на маса.
Спирова С. | Црнобело