Како да познаете дали продуктите за убавина се безбедни за користење или им поминал рокот?
Ако не сте сигурни кога сте отвориле некој продукт за убавина, обрнете внимание на бојата, текстурата и мирисот. Ако забележите промени, најдобро заменете го со нов.
Не е препорачливо да користите шминки, кремови и други продукти за убавина откако ќе им помине рокот на траење.
Продуктите со поминат рок можат да ја иритираат кожата, а во некои случаи, како кремови со заштитен фактор, им се намалува ефикасноста.
Но, ако рокот на траење ви се избришал или не се сеќавате кога сте го отвориле продуктот, постојат некои трикови што ќе ви помогнат да утврдите дали е безбеден.
Како да познаете дали продуктите за убавина се безбедни за користење?
Видливи дамки или чуден мирис
Многу продукти за убавина содржат парафин. Ако продуктот е стар, оваа состојка може да предизвика појава на бели дамки на површината.
Ако ги забележите, најдобро фрлете го продуктот.
Некои продукти можат да фатат и мувла. Некогаш мувлата е видлива во форма на дамки на површината.
Дури и ако продуктот нема никакви дамки, добро е да го мириснете – ако има непријатен или невообичаен мирис, можно е во него да има бактерии.
Неотворени продукти
Бројни продукти за убавина имаат рок на траење и по неколку години, сè додека не ги отворите.
Но, бидете внимателни и со неотворените продукти што сте ги купиле одамна.
Ако продуктот има знаци на мувла, чуден мирис или променета текстура, не е препорачливо да го користите.
Кармини
Кармините можат да траат и по две години. По овој период, дури и ако карминот изгледа во ред, немојте да го користите.
Исто така, ако на карминот има капки влага или бојата му е промената, фрлете го.
Ако околу карминот има малку бела боја, како на фотографијата лево, но не е стар, а мирисот и текстурата му се непроменети, тогаш генерално е безбеден за користење.
Ова настанува бидејќи карминот може малку да се стопи, па повторно да се стврдне.
Сунѓерче за шминкање
И сунѓерчињата за шминкање имаат рок на траење, без разлика дали ги миете редовно.
Ако на сунѓерчето има дамки кои не се отстрануваат, има дамки кои ви личат на мувла или е многу искинато, заменето го со ново.
Генерално, препорачливо е да го смените сунѓерчето по околу четири месеци ако го користите секојдневно.