10 правила за беспрекорен маникир со гел лак (кој ќе ви трае подолго)
И сами можете да се грижите за ноктите
Ако ви растат кутикули, можете самите да ги отстраните дома, наместо да чекате тоа да ви го направат додека сте на маникир.
Сепак, средувањето на кутикулите направете го неколку дена пред да одите на маникир, а не и на самиот ден кога имате закажан третман на ноктите.
Не ги мијте рацете со жешка вода веднаш по маникирот
Експертите препорачуваат откако ќе направите маникир, да не ги ставате рацете под жешка вода првите 2-3 дена за да не го оштетите.
Иако гел лакот се зацврстува на ноктот со ламба, сепак му треба малку време за цврсто да се залепи за ноктот, а жешката вода може да го прекине процесот.
Не го вадете дома сами гел лакот
Не е препорачливо да пробате дома сами да го извадите гел лакот и да го оштетите ноктот, колку и да ви се подраснати ноктите.
Поентата на одењето на маникир е да ви ги средат ноктите професионално, а тоа вклучува вадење на стариот гел лак и нанесување нов.
Не ставајте крем за раце или козметика на база на масло на ноктите еден ден пред третманот
Кремите за раце или производите со масло ви ја прават кожата помека, но тоа им ја отежнува работата на професионалците.
Раката може да ви е лизгава, а гелот да се суши побавно, па и самата процедура на средување на ноктите да трае многу подолго.
Внимателно избирајте кој ќе ви го прави маникирот
Пред да изберете салон во кој ќе ги правите ноктите, разгледајте ги фотографиите, прочитајте ги коментарите од клиентите и откријте колку се тие задоволни од изработката и трајноста на ноктите, но и од професионалноста на вработените.
Дури потоа решете каде ќе одите.
А. Ј. | Црнобело