10 правила за беспрекорен маникир со гел лак (кој ќе ви трае подолго)
Откако ќе направите маникир на ноктите не ги ставајте рацете под жешка вода првите 2-3 дена, за да не го оштетите маникирот. Иако гел лакот се зацврстува на ноктот со ламба, сепак му треба малку време за целосно да се залепи за ноктот, а жешката вода може да го прекине процесот.
Дали сами ги лакирате ноктите или одите на маникир?
Дури и да им ја препуштивте грижата за вашите нокти на професионалци и притоа сте задоволни од резултатот, сепак прочитајте ги овие 10 совети од експертите за нокти за маникирот да ви трае подолго.
Во продолжение 10 совети како подолго да ви трае маникирот со гел лак:
Внимавајте како ги ставате рацете во ламбата
Многу е важно како ги ставате дланките во ламбата – не смеете да ставите само неколку прста или да го оставите палецот надвор.
За да бидат сите нокти исушени, во ламбата треба да ја ставите целата дланка одеднаш, а прстите да не ги спојувате – на овој начин ќе има доволно простор меѓу секој прст и ноктите ќе се исушат рамномерно.
Ако не ви се допаѓа како изгледа дизајнот или бојата, кажете веднаш
Ако мислите дека сте избрале погрешна нијанса, или не ви се допаѓа како ви изгледа ноктот откако ќе ви го нацртаат дизајнот, кажете им веднаш.
Подобро е да се предомислите уште на почетокот, кога лесно може да се направи корекција, отколку кога ќе бидат готови сите нокти, или кога ќе стигнете дома, па ќе мора да ги гледате такви неколку недели.
Не ги мрдајте рацете и не ги вртете прстите лево-десно
Иако мислите дека помагате со тоа што ги вртите прстите лево-десно, за полесно да ви го нанесат лакот или да ви го средат ноктот, сепак не е така.
Експертите велат дека вие треба да се опуштите и да оставите тие што ви прават маникир сами да ги движат вашите прсти како што најмногу им одговара во моментот.
Бидете внимателни во секојдневните активности ако имате долги нокти
Жените со долги нокти треба многу да внимаваат да не ги оштетат или искршат.
На пример, кога го стискате копчето во лифтот, правете го тоа со прстот, а не со ноктот.
Или кога го вадите телефонот од чанта, фатете го убаво со прстите.
Не ги сечете ноктите пред да одите на маникир
Дури и да ви подраснат ноктите, до толку што почнува да ви пречи нивната должина, не ги сечете пред да одите на маникир.
Или закажете термин порано, или издржете уште малку, а потоа оставете професионалците да ви направат соодветен облик и да ги коригираат сите недостатоци.