10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо
Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и кога е облачно, користат гел од алое вера за нега на кожата и косата... Кои се 10-те навики за нега и убавина на жените во Бразил поради кои изгледаат помладо?
Бразилките се познати по својата убавина и грациозност. Ова се должи на добрата генетика, но и на навиките за нега и убавина до кои се придржуваат.
Бразилките ставаат алое вера на косата за да им биде поздрава и посјајна, барем еднаш неделно одат на дренажна масажа на телото, прават пилинг со песок на плажа...
Во продолжение прочитајте неколку навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа, но и изгледаат неколку години помладо од она што се:
Пијат кокосова вода
Скоро секоја Бразилка пие барем една чаша кокосова вода на ден.
Во Бразил овој пијалак е многу лесно достапен, бидејќи земјата изобилува со кокосови дрвја.
Кокосовата вода ја пијат директно од плодот или ја купуваат пакувана во пластични шишиња во маркетите.
Ја хидрираат кожата со кокосова вода
Жените во Бразил се тушираат неколку пати на ден поради високите температури и влажноста на воздухот во земјата.
Ова им ја суши кожата, па затоа е неопходно да ја хидрираат. Затоа тие користат кокосова вода или кокосово масло.
Некои ставаат кокосова вода дури и на очите (со памукче) за да се освежат и да ги намалат подочниците.
Ги намалуваат отоците под очите со лажица
Еден од триковите со кој Бразилките ги намалуваат подуените ќесички под очите е со лажица.
Овој трик го користи манекенката Бруна Тенорио.
Таа во едно интервју откри дека кога очите ѝ се подуени, отокот го намалува со лажица која стоела во фрижидер и со лажицата благо притиска под очите.
Вели, поради студот, отоците веднаш се намалуваат.
Одат на лимфна дренажна масажа
Бразилките еднаш неделно одат на лимфна дренажна масажа со која ги отстрануваат токсините од телото, ја забрзуваат лимфната циркулација и ја подобруваат состојбата на кожата.
Оваа масажа трае по 15 минути, а истовремено го намалува целулитот, кој Бразилките скоро и да го немаат.
Витамин Ц за нега на кожата
Многу жени внесуваат големи количини витамин Ц, кој не само што е добар за здравјето, туку и за кожата.
Бразилките го користат во вид на серум или крема за нега на кожата.
По третманот со витамин Ц, кожата блеска, а ова ги намалува и знаците на стареење.
Уште 5 навики на следната страница...
Би можело да ве интересира:





