Како најефикасно да ги прекриете темните подочници со коректор?
Не заборавајте да ја хидрирате кожата околу очите и ако имате многу темни подочници, прво ставете течна пудра, па потоа коректор. Што друго можете да направите за поефикасно криење на темните подочници?
Темните подочници се појавуваат од разни причини, како замор и дехидратација. Истовремено, некои луѓе природно имаат потемни подочници без разлика што се одморени и со добро здравје.
Темните подочници лесно се покриваат со коректор, но сепак треба да обрнете внимание на некои работи за да ја зголемите неговата ефикасност.
Неколку совети што ќе ви помогнат во тоа:
Користете коректор во боја
Ако користите коректор со боја како вашата кожа или посветла, нема да го постигнете посакуваниот ефект.
Ќе добиете многу подобри резултати ако прво ставите коректор со потопла нијанса, како портокалова. Можете да ставите дури и кармин со топла нијанса.
Дури потоа нанесете го коректорот што го користите вообичаено.
Ставете го коректорот на поголема површина
Немојте да го нанесувате коректорот само на подочниците.
За подобро да ги скриете, препорачливо е да го нанесете на поголема површина, како на фотографијата десно.
Користете хидратантен крем
Кожата околу очите е нежна, па важно е да ја негувате.
Коректорот ќе изгледа многу подобро ако редовно користите хидратантен крем за оваа област.
Уште подобро ако ставите крем пред да го нанесете коректорот.
Ставете фиксирачка пудра во прав
Фиксирачката пудра во прав дополнително го изедначува тенот, а може и да го направи коректорот потраен.
Па, не двоумете се дали да ја ставите на подочниците.