8 грешки што ги прават речиси сите невести со шминката, според мејкап артист
Барате мислење од сите, следите минливи трендови и не правите пробна шминка – мејкап артист открива кои се најчестите грешки што ги прават невестите кога станува збор за свадбена шминка.
Покрај венчаницата, шминката е еден од најважните детали за секоја невеста.
Свадбената шминка треба да изгледа добро и во живо и на фотографии, но и треба да издржи речиси цел ден.
Вадим Закаришчев е мејкап артист кој забележал дека голем број невести прават исти грешки кога одат на шминкање на свадба, а овие грешки неретко им го расипуваат изгледот.
За Insider, тој ги споделува најчестите:
Следите минливи трендови
Ова е една од најголемите грешки што ја прават невестите.
Трендовите се минливи, па кога ќе ги погледнете фотографиите по десет години голема е веројатноста да не ви се допаѓа вашата шминка.
Затоа, држете се до покласичен изглед.
Нападна шминка
Шминката не треба да го промени вашиот изглед, туку да ги нагласи вашите карактеристики.
Како што вели Вадим, сигурно сакате да се препознаете себеси кога ќе гледате видеа и снимки од свадбата.
Поради ова, избегнувајте нападна и темна шминка за вашата венчавка.
Барате мислење од сите
Ако ги прашувате сите за мислење за вашата шминка, само ќе си го отежнете изборот.
Во ред е да се консултирате со една-две пријателки, но нема потреба да барате мислење од сите.
Не правите пробна шминка
Ако сте во можност, препорачливо е да направите и пробна шминка. Бидејќи, она што го сакате некогаш не излегува како што сте си замислиле.
Кога ќе направите пробна шминка, ќе можете да направите и промени и да се консултирате со мејкап артистот за што е најдобро за вас.