8 грешки што ги прават речиси сите невести со шминката, според мејкап артист
Одбирате шминка само затоа што ѝ стоела добро на друга жена
Ако некоја шминка изгледала добро на друга жена, не значи дека ќе ви стои добро и вам.
Во ред е да црпите инспирација од други жени, но вашата шминка треба да биде направена според вашето лице.
Ставате вештачки трепки веднаш пред венчавката
Нема ништо лошо во вештачките трепки, но Вадим вели дека честопати гледал и незгоди.
Ако никогаш претходно не сте ставиле вештачки трепки, најдобро не пробувајте првпат пред венчавката бидејќи може да ви се појави иритација или црвенило на очите.
Сакате светкава шминка со многу хајлајтер
Иако оваа шминка прави лицето да изгледа свежо, Вадим вели дека нема да трае долго.
Односно, по неколку часа, вашето лице само ќе изгледа мрсно, особено ако имате и мрсна кожа.
Бидејќи на свадбата шминката треба да издржи цел ден, подобро е да ставите мат шминка.
Ставате многу малку шминка
Ако ставите само маскара, малку пудра и кармин, нема да изгледате многу добро на фотографиите. Покрај тоа, оваа минимална шминка сигурно нема да издржи цел ден.
Ако сакате поприроден изглед, нагласете му го тоа на мејкап артистот – дури и за природен изглед потребни се неколку продукти ако сакате да изгледате добро и шминката да трае цел ден.
Спирова С. | Црнобело