11 фото докази дека свадбата може да ви биде бајковита и без да потрошите цело богатство
„Сама си направив торта и колачи за свадба. Беше многу стресно, но вредеше секоја секунда!“ - луѓе споделуваат како на креативен и уникатен начин си ја направиле свадбата од соништата, без да потрошат богатство.
Многу парови сонуваат за бајковита свадба, a за големиот ден посакуваат да го имаат најдоброто, без да штедат.
Сепак, кога ќе дојде на ред вистинското планирање, многумина сфаќаат дека од некои задоволства и луксузи ќе мора да скратат со цел да не дадат цело богатство.
Но, не очајувајте. Магијата не секогаш е во скапите и луксузни нешта, туку и во емоцијата, креативноста и уникатноста.
Старата венчаница на вашата мајка или баба може да биде ваша, искористете ја својата креативност за сами да декорирате, или пак сами да си го направите бидермаерот – зошто да не?
Луѓе на Редит споделуваат свои искуства кои се доказ дека свадбата може да биде како од бајките и без да се потроши богатство.
„Мајка ми почина од рак пред 4 години, а јас бев решена дека сакам да го носам нејзиниот невестински фустан. Најдов човек што е искусен во редизајнирање на стара облека. Мајка ми била помала од мене, плус сакав малку стилски да ја изменам. Резултатот е неверојатен.“
„Со помош на направи сам проект, сама си ја декорирав свадбената маса и излезе како од моите соништа“
„3 месеци пред свадбата решив да научам да везам и сама си ги направив невестинските чевли“
„Илустратор сум и сакав јас да си ги направам поканите. Големи фанови сме на Спајдермен“
„Прв проект сработен од мене – рамки со ознаки за број на маса со свежи цвеќиња“
„Сама си го направив бидермаерот. Не се двоумете, направете си и вие!“
Уште 5 искуства на следната страна...
Би можело да ве интересира:




