Невеста снимила видео како кучето ја гледа за првпат во венчаница, а не младоженецот
Таа вели дека токму ретриверот Гумбо ѝ бил сонце во секоја бура, па сакала овој емотивен миг на нејзината свадбена церемонија да биде со него.
Хана е девојка од Орегон која живее со нејзините три ретривери. Нејзиниот Инстаграм профил „mycaninelife“ е преполн со фотографии од нив.
Во октомври 2021 таа стапи во брак со својот сакан Џаред, но дури и на свадбената церемонија нејзините миленици беа во фокусот.
Хана на свадбениот ден сними видео како реагира еден од нејзините миленици кога ја гледа за првпат во венчаница, наместо традиционалното видео како реагира младоженецот кога ја гледа невестата.
Таа вели дека токму ретриверот Гумбо ѝ бил сонце во секоја бура, па сакала овој миг да биде со него.
„Моите кучиња беа голем дел од мојата свадба и ако не беше така, немаше ни да ја правам. Уште пред да знам дека ќе се мажам, знаев дека кои кучиња и да ги чувам тогаш, тие ќе бидат дел од мојата свадба.
Откако го запознав Џаред, кучињата станаа дел од нашиот идентитет како пар. Ние секогаш бевме пријателите со кучиња кои го сакаат Дизни.
Мојата свадба внимателно ја планирав и за моите кучиња.“, пишува таа на својот Инстаграм профил ѝ додава дека дури и фотографите и снимателите ги бирала за да имаат искуство со миленици. Задолжила дури дел од пријателите да се грижат околу кучињата на свадбениот ден, кога треба да јадат, кога треба да позираат.
Повеќе фотографии од милениците на Хана:
С. С. | Црнобело