Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Уникатна свадба: Пар се венчаше пред лагуна со мраз во Исланд - невестата во црна венчаница (фото)

Кој рече дека треба да постојат правила околу свадбениот ден? Најважно од сѐ е да си ја организирате венчавката од соништата, а Лорен и Лорис од САД го направиле тоа.

unikatna-svadba-par-se-venchashe-pred-laguna-so-mraz-na-island-nevestata-vo-crna-venchanica-foto-01.jpg

Лорен Стјуарт (27) и Џо Лорис (28) заедно студирале на Универзитетот во Вајоминг во САД и велат дека мислеле еден на друг од мигот кога се запознале.

Лорис ја запросил Лорен во ноември 2020-та, но таа не била сигурна дека сака голема свадба. Бидејќи запросувањето било среде пандемија венчавката ја одложиле за есен 2021 година.

На крај разговарале за тоа нивната свадба да биде во нивниот дом во Колорадо, но Лорен ја привлекле фотографиите од Исланд кои ги видела онлајн.

По кратко истражување открила дека цените во Исланд биле пристапни тој период, па откако и нејзиниот партнер се согласил, купиле билети за Исланд.

unikatna-svadba-par-se-venchashe-pred-laguna-so-mraz-na-island-nevestata-vo-crna-venchanica-foto-02.jpg

Лорен имала само еден месец за да избере венчаница.

„Не сакав традиционална венчаница, знаев дека сакам црн фустан, но не можев да најдам нешто што ми се допаѓаше. Но, потоа сама си ја нацртала венчаницата од соништата и нашла девојка што може да ѝ ја изработи.“

unikatna-svadba-par-se-venchashe-pred-laguna-so-mraz-na-island-nevestata-vo-crna-venchanica-foto-04.jpg

Лорен и Лорис се венчале пред лагуна прекриена со мраз. Со нив била само нивна пријателка, која ги фотографирала.

По церемонијата тие јаделе риба и компирчиња.

unikatna-svadba-par-se-venchashe-pred-laguna-so-mraz-na-island-nevestata-vo-crna-venchanica-foto-03.jpg

„Навистина е прекрасно да направите свадба на дестинација, добивате две во едно - свадба и меден месец. Тоа ќе биде навистина забавно патување.“

Како ви се допаѓа оваа уникатна венчавка?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
Најубавите свадби во 2024 година објавени на CRNOBELO Од интимната венчавка на водителката Ведрана Ѓорѓевиќ, преку раскошната свадба в...
Пар доживеал сообраќајна незгода на свадбениот ден - непријатниот чин го претвориле во кул фотосесиј... Кога работите не одат според планираното, но вие знаете како да се справите со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg