Невеста облече венчаница со текстура за нејзиниот слеп сопруг да „почувствува како изгледа“

Ништо не е пречка кога љубовта е вистинска. Откако заедно го пропатувале светот, тие ја крунисале љубовта на совршен начин. Ентони Фереро од САД е слеп спортист, музичар и мотивациски говорник.

nevesta-obleche-venchanica-so-tekstura-za-nejziniot-slep-soprug-da-pochuvstvuva-kako-izgleda-01.jpg

Кели Ен стапи во брак во Ентони Фереро од САД, слеп спортист, музичар и мотивациски говорник.

Таа на нивниот свадбен ден намерно облекла венчаница со текстура за тој да може да „почувствува како таа изгледа“. Преку допир на многуте детали од нејзината венчаница, тој да може да си ја замисли.

Парот се запознал во 2017 година и патувале низ светот заедно, пред да се свршат во мај 2020 година.

nevesta-obleche-venchanica-so-tekstura-za-nejziniot-slep-soprug-da-pochuvstvuva-kako-izgleda-02.jpg

Ентони моментално тренира џудо и се подготвува за Параолимпијадата во Париз во 2024 година. Кели работи во технолошка компанија и тоа може да го прави од кој било крај на светот.

Велат дека нивната љубов цветала и јакнела додека тие го искусувале светот заедно.

„Започнав да забележувам дека кога почнав да патувам со неа животот ми се промени многу. Почнав да го перципирам светот на начин како никогаш претходно. Таа ми ги исполнуваше сите визуелни дупки објаснувајќи ми ги работите со совршени детали“, вели Ентони.

nevesta-obleche-venchanica-so-tekstura-za-nejziniot-slep-soprug-da-pochuvstvuva-kako-izgleda-09.jpg

Ен вели дека никогаш не носи парче облека ако тоа нема убава текстура или материјал кој сопругот не може да го почувствува, дури и ако сите ѝ велат дека изгледа одлично во таа облека.

Венчаницата со детали од свила, тантела и цвеќе ја бирала внимателно за да го изненади саканиот на свадбениот ден.

nevesta-obleche-venchanica-so-tekstura-za-nejziniot-slep-soprug-da-pochuvstvuva-kako-izgleda-03.jpg

Фотки од прекрасниот пар:

nevesta-obleche-venchanica-so-tekstura-za-nejziniot-slep-soprug-da-pochuvstvuva-kako-izgleda-07.jpg

nevesta-obleche-venchanica-so-tekstura-za-nejziniot-slep-soprug-da-pochuvstvuva-kako-izgleda-05.jpg

nevesta-obleche-venchanica-so-tekstura-za-nejziniot-slep-soprug-da-pochuvstvuva-kako-izgleda-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Необични свадбени и брачни обичаи од Србија: Сопругот се преправа дека е „бремен“, свекрвата танцува... Маж глуми трудница, свекрвата танцува на поткровјето... Ова се само дел од обича...
Каква венчаница да одберете според вашето тело + совети од Вера Ванг за совршен избор Секогаш треба да се водите од тоа каков е обликот на вашето тело па според тоа д...
Идеи за невестински комбинезони за дамите кои не сакаат класични венчаници (фото) Ако ви се допаѓа идејата да носите комбинезон на вашата свадбена весел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg