Баба (88) се топи од среќа: Внука ѝ се омажи во нејзината венчаница од 1961 година
„Мојата баба не можеше да поверува дека одлучив да го носам нејзиниот фустан. Таа го имаше складирано во старо ќесе, затоа што мислела дека не е ништо посебно. Но за мене беше магичен“, вели Ели од САД.
Ели Ливинвотер (23) од Масачусетс неодамна се венча со својот сакан 27-годишен Тимоти во венчаницата која баба ѝ Ен ја носела на својата свадба во 1961 година.
Студентката по фармација вели дека во 2016 година ја пронашла венчаницата од тантела на баба ѝ во подрумот и оттогаш знаела дека еден ден сака да стапи во брак облечена токму во неа.
„Мојата баба не можеше да поверува дека одлучив да го носам нејзиниот фустан. Таа го имаше складирано во старо ќесе, затоа што мислела дека не е ништо посебно. Но за мене беше. Таа плачеше кога ме виде за првпат на големиот ден. Моментот беше неверојатен и јас ќе го носам во срцето засекогаш.“
Инаку, сопругот на бабата на Ели починал по 38 години брак и Ели пораснала со нејзината баба. Баба ѝ по смртта на сопругот отишла да живее во семејниот дом на Ели.
С. С. | Црнобело