По 50 години брак пар ги копираше свадбените фотки - невестата во истата венчаница од 2.600 денари
Бабичка и дедо во 70-тите години од животот позираат на ист начин како на нивниот свадбен ден кога биле во 20-тите години од животот. Резултатот е магичен...
Каролин (70) и Кели Геј (76) од Ајова ја прославија нивната златна свадба, односно 50-годишнината од бракот, со фотосесија во истата венчаница и во истата црква каде се венчале во 1951 година.
Слаткиот пар позираше на ист начин како на свадбениот ден, а крајниот резултат е неверојатен.
Каролин веќе 3 години ја растела косата за да ѝ дојде на иста должина како на свадбениот ден и го носела истиот фустан од 2.600 денари (околу 50 долари) кој го носела на својата свадба во 20-тите години од нејзиниот живот.
Парот сега има деца и внучиња и многу среќни заеднички мигови зад себе, а очигледно и љубов исто силна како и првиот ден.
Погледнете ги прекрасните фотки:
С. С. | Црнобело