Србинка на 55 години си ја организираше „венчавката“ од соништата на Малдиви (фото)
„Не бев од оние романтичари кои веруваат во љубов, особено затоа што првиот брак воопшто не ми одговараше и не ми годеше, па нашата љубов ја ставав во искушенија...“, ја почнува Милева Павловиќ својата нетипична љубовна приказна.
Милева Павловиќ (55) од Белград е професорка по филозофија која во изминатите 25 години е и автор, продуцент и водител на сите свои телевизиски проекти кои ги имала на многу српски ТВ канали. Таа е и писателка, новинарка, а некои дури ја нарекуваат и интелектуален инфлуенсер.
На својот Инстаграм профил има 18.000 следбеници.
Неодамна Милева откри дека си ја организирала „свадбата од соништата на Малдиви“ односно по повод 10-годишнината од бракот таа си ги обновила заветите со својот 49-годишен сопруг.
„Малдивите со својата егзотична интима беа вистинското место за искажување на љубовта и за тивко шепотење на заветите пред матичарот на зајдисонце. Сами, боси и препуштени на емоциите...
Уживав во нашето граѓанско венчавање пред 10 години, се смеев и бев весела, но на ова бев емотивна, со солзи радосници и обземена со посебна емотивна и љубовна аура. Како сон од кој не сакате да се разбудите“, изјави Милева за српскиот магазин Story.
Инаку, таа има има 22-годишна ќерка од првиот брак.
Милева во животот се води од мотото дека не треба да се откажуваме од своите соништа и дека треба интензивно да работиме на нивното реализирање, па токму затоа со својот сакан го направиле овој потег.
Во описот на фотографиите од Малдиви напиша:
„Мојата венчавка од соништата. Дознав дека соништата можат да се исполнат, но и дека некои бајки се засноваат на реална приказна... Со ширум отворени очи.“
Инаку Милева вели дека со сопругот имаат несекојдневна љубовна приказна. Тие се запознале пред повеќе од 20 години на море во Црна Гора, каде нивните родители имале куќи, тој покажувал наклоност кон неа, но таа била окупирана со кариерата, телевизијата, а тој бидејќи е помлад од неа уште бил студент и ја замолил да го почека да порасне.
Па, така и било, тие се нашле повторно пред 10 години на истата плажа и веќе не се раздвоиле.
„Не бев од оние романтичари кои веруваат во љубов, особено затоа што првиот брак воопшто не ми одговараше и не ми годеше. Понесена од непријатното искуство, кое и тој го имал во меѓувреме, нашата љубов ја ставав во искушенија и поставував разни замки со помош на кои сакав да ги проверам моите и неговите емоции.
Стоечки ги поднесе сите предизвици и на крајот, како што тој вели, пред љубовта сите капитулираат. Двајцата сме со белези од нашите претходни бракови, па сега вистински ја негуваме нашата љубов“, изјави Милева.
Вели дека е пресреќна затоа што животот со него комплетно ѝ се променил во последните 10 години на подобро.
Фотографии од обновувањето на заветите на Малдиви:
С. С. | Црнобело