Како изгледаат модерните невести кај нас, а како во државите ширум светот?
Шведска
Во Шведска не им е важен луксузот, па повеќето невести одбираат минималистички и едноставни венчаници. Жените не сакаат ни комплицирани фризури, па најчесто косата им е брановидна и ја украсуваат со цветови.
И самите прослави во Шведска се скромни, а некогаш гостите не носат подароци, туку сами си плаќаат за оброкот.
Јапонија
Јапонските невести кои ја следат традицијата ја менуваат облеката трипати. Прво носат кимоно, најчесто бело, украсено со златни везови. Потоа носат друго кимоно со пошарени дезени, а на крај носат „обична“ венчаница по нивен избор.
Интересен додаток на јапонските невести е лепеза или чадор, кои се украсени со цртежи, како и чешел што им стои во косата.
Нигерија
Во Нигерија, момчето и невестата обично носат слична облека – или носат облека со иста боја, или облека која има слични детали.
Облеката на невестата се состои од повеќе парчиња, како блуза, здолниште, турбан и проѕирен вел. Слично како во Јапонија, и овде постои традиција невестата да ја промени облеката барем двапати.
Франција
Французинките го негуваат природниот изглед, па обично одбираат минималистички венчаници и не нанесуваат многу шминка.
Најчесто тие сакаат едноставни фустани од квалитетен материјал, со многу малку украси и детали. Минимализмот важи и за нивните фризури и најчесто косата им е пуштена или собрана во ниска пунџа.
Спирова С. | Црнобело