Невеста загрижена за фотките: „Дали да ми биде старосватица другарката со лоши заби?“
Не е првпат невестата да се грижи само за фотките наместо за пријателството – овојпат невеста размислува дали да ја покани за старосватица другарката која има лоши заби – како ќе изгледа на фотка?
фото: depositphotos.com
На Reddit девојка се соочи со бројни критики откако си ја отвори душата и кажа што ја мачи.
Како би реагирале вие да го прочитате ова:
„Потребно ми е мислење. Мојата другарка од детството и јас секогаш се договаравме да си бидеме старосватици. Нашите родители се дружат и се знаеме од деца. Пред неколку години јас се иселив од државата, но уште сме блиски и се допишуваме многу.
Многу сакам да ја побарам за старосватица, но имам една дилема... не сум ја видела во живо долго време, но вчера видов едно видео и изгледа дека во последно време ѝ се создала дупка на предните заби. Дали сум злобна што сум загрижена како ќе изгледаат фотките на денот?
Ја обожавам но важни ми се и фотките од овој ден. Не знам што да правам, а не сакам да ја повредам. Дали да ја побарам и да се молам дека тоа нема да се гледа? Или да не ја побарам и да ризикувам пријателство? Помош...“
М. М. | Црнобело