Невеста ѝ забранила на старосватицата да се шминка и да прави фризура за да не ја „засени“
„Не ставај шминка и не прави фризура, тоа е мој ден, не треба да ме засениш“ – би ѝ кажале ли вие вака на вашата пријателка кога ќе бидете невеста?
На социјалните мрежи постојано кружат приказни за невести кои се претвораат во „монструми“ и имаат нереални барања од своите најблиски.
Последно, се појави „скриншот“ од преписка помеѓу две пријателки, во која невестата индиректно ѝ забранува на старосватицата да се нашминка и да си направи фризура за свадбата:
-Може ли да те замолам за услуга?
Не сакам да звучам чудно, но ќе може ли да не се шминкаш за мојата свадба?
-Зошто? И онака не ставам многу шминка, но нели сите ќе се шминкаат?
-Да, но не сакам да ме засениш. Немој да правиш ниту фризура.
-Значи сакаш да одам формално облечена со природна фризура и без шминка?
-Да, те молам. Во ред ли си со тоа? Бидејќи тоа треба да биде мој ден и не сакам никој да изгледа подобро...
Членовите од групата за исмејување свадби и невести, велат дека старосватицата треба тоа да го сфати како комплимент, а невестата ја нарекуваат ултра несамоуверена.
Што мислите за овие невести? Ви го направил ли некој ова вам? Или можеби, вие на некого...?
М. М. | Црнобело