Невеста потрошила многу пари, па бара цвеќарот да ѝ работи гратис за свадбата
„Потрошив многу пари за мојата свадба, ќе може ли ти да ми работиш гратис?“ - дрска невеста стана мета на критики.
Невеста стана хит на интернет, откако еден цвеќар го објави разговорот со неа.
Таа му пишала дека сака цветен аранжман од кај него за својата свадба, но откако тој ѝ ја пишал цената, се обидувала да го убеди да ѝ работи за без пари.
Невестата, која вели дека потрошила многу пари за свадбата, сакала трошокот за цвеќе да го сведе апсолутно на минимум. Наводно, цвеќарот ќе може да си направи добри фотографии од аранжманот на цвеќето на нејзината свадба и така да се рекламира.
Освен нешто ситно по набавна цена за цвеќето, таа не сакала да му плати ништо за работна рака, бидејќи ѝ било скапо, со оглед на тоа што сакала богато да декорира 18 маси.
Цвеќарот првично културно ѝ објаснил колку време ќе му одземе подготвувањето на аранжманите само за неа, а откако таа упорно барала да не ѝ ја наплати работната рака, бесен ја испратил да се обрати на друго место и ѝ понудил други цвеќари каде ќе може да ја спореди сцената.
Навистина огромна непочит кон него и неговата професија, зарем не?
Прочитајте ја нивната преписка:
С. С. | Црнобело